Што претставува ваучер програмата?

Ваучер програмата е бонус програма со која соработниците на Пулсар добиваат вредносни ваучери во висина зависна од степенот на остварената соработка. Ваучерот представува материјална вредност со која може да се плаќа во Пулсар и истиот целосно се вреднува како парично средство.

Како да добијам ваучер и како можам да го употребам?

Секој соработник на Пулсар кој ќе не препорача на неограничен број лица, а истите посетат курс во Пулсар добиваат вредносни ваучери во зависност од тоа кој е курсот кое препораченото лице го запишало.

Вредноста на ваучер добиен од едно препорачано лице распределен во зависнот од тоа на кој курс се запишало лицето е претставена во следната табела:

Курс
Ваучер

Објектно ориентирано програмирање со Java

750 МКД
Креирање на апликации со Java и Бази на податоци (напреден)
1400 МКД
Изработка на Web апликации со PHP и MySQL
830 МКД
Проектни решенија со PHP (напреден)
1250 МКД

2D/3D Дизајн и Анимација

1500 МКД

Мултимедијална Режија (Монтажа и Постпродукција)

1500 МКД
Интерактивни графички решенија (игри и мултимедија)
1500 МКД
Напредни техники на моделирање и анимација
1500 МКД

Веб Дизајн

750 МКД

Дизајнирање на звук (дигитална обработка на звук)

1150 МКД

ИТ Стартер (Oперативен Систем, Офис Пакети, Интернет)

670 МКД

ИТ Експерт (Win Сервер, Линукс Сервер, Хостирање на Web)

1000 МКД

 

Како можам да ги искористам добиените ваучери?

Пример 1: По Ваша препорака се запишале 3 лица на следниве курсеви:
1) Изработка на Web апликации со PHP и MySQL2) 2D/3D Дизајн и Анимација и 3) Деловен Англиски. Вие имате добиено 3 ваучери со вкупна вредност од 3250 МКД.
Вашата желба е да го посетувате курсот „Изработка на Web апликации со PHP и MySQL“. Вредноста на курсот е 5000 МКД. Бидејки поседувате ваучери со вредност од 3250 МКД цената која треба да ја платите е само 1750 МКД.

Пример 2: По Ваша препорака се запишале 6 лица на следниве курсеви:
2-ца на: Изработка на Web апликации со PHP и MySQL2-ца на: 2D/3D Дизајн и Анимација и 2-ца на: Деловен Англиски. Вие имате добиено 6 ваучери со вкупна вредност од 6500 МКД.
Вашата желба е да го посетувате курсот „Веб Дизајн“. Вредноста на курсот е 6000 МКД. Бидејќи поседувате ваучери со вредност од 6500 МКД цената која треба да ја платите е 0 МКД, што значи дека курсот го посетувате бесплатно.

Како да станам соработник на „Пулсар“?

Можноста за да постанете дел од ваучер програмата е бесплатна.

За да постанете соработник на нашиот едукативен центар и да станете дел од ваучер програмата, потребно е:
– Да испратете email со наслов „ваучер програма“ на info(at)pulsar.com.mk/a>
– Во содржината да се наведени: Вашето Име, Презиме, Адреса на живеење, Телефон, E-Mail

Нашите советници ќе ве регистрираат и веќе сте во можност да препорачувате луѓе.

*За секоја препорачана личност должни сте да не известете претходно по email, телефон или на лице место во нашиот центар најмалку еден ден пред лицето да запише курс. При доставување на неговите информации потребно е да го наведете неговото име и презиме како и други податоци доколку ви се достапни.

*Доколку лицето го запише курсот и неговите податоци се поклопуваат со вашите испратени податоци за него, а истовремено лицето потврди дека за постоењето на курсот сте го известиле Вие, вас ви е одобрен ваучер со одредената сума.


Пријави се on-line или превземи Пријава >>>