Живееме во динамично време во кое како резултат на брзиот развој на Информатичката Технологија произлегоа нови профили на програмери, ИТ Манаџери, администратори на компјутерски мрежи, Web дизајнери и слично, а тука се и економските елементи на Е-Бизнис, OnLine Маркетинг, ИТ производи и услуги. Како резултат на оваа побарувачка на кадри Пулсар ги адаптира своите курсеви секогаш да се поклопуваат со побарувачката на потребните профили.

Сите економски показатели во светот зборуваат дека најбарани и најплатени работни места се баш горенаведените. Платата на Junior Developer во САД е околу 61.000 долари , додека Senior Developers можат да очекуваат 122.000 долари на годишно ниво.

Плати за инженер за софтвер во САД, февруари 2019 година

 Software developer  $107,909
 Entry-level software developer  $61,281
 Senior software engineer  $122,153
 Android developer  $126,503
 Python developer  $122,831
 iOS developer  $119,631
 C ++ developer  $117,293
 JavaScript developer  $111,373
 Java developer  $102,424
 C# developer  $95,052
 .NET developer  $91,785
 PHP developer  $89,149

Малку е познато дека во нашата држава веќе постојат огромен број на фирми, а секојдневно се отвараат нови Информатички Фирми со што побарувачката на стручен кадар е се поголема. Потенцијалот за самовработување е огромен. Многу стручни кадри веќе работат независно од својот дом за своите партнери од западните земји како freelancers. Од друга страна практичното знаење кое го нуди образовниот систем во нашата земја е занемарливо со што земјата е проценета како земја со огромен дефицит на кадри во полето на Информатичката Технологија. Ние во Пулсар секогаш се трудиме да ви обезбедиме практично знаење со кое без никави проблеми ќе бидете вреднувани како специјалисти во своето поле.