Најпрактични стручни курсеви со кои ќе добиете практично
знаење и можност добивање на работа во ИТ секторот

Почетна
Мапа на сајтот
Контакт
Услови
50% Off
Биди Соработник
Бенефиции
Зошто би го избрале Пулсар?

Модерно школување во склад со барањата на пазарот
„Пулсар“ го надминува јазот кој постои меѓу оној што го нуди образовниот систем и вистинските потреби на пазарот. Основниот недостаток на традиционалното образование е недостатокот на практична работа– студентите  поминуваат од 5 до 7 години учејќи теорија, без да се обрне внимание на нејзината практична примена. Додатен проблем претставуваат лошата техничка опременост и застарената наставна програма кои нудат неупотребливи знаења. После завршените студии, инжињери се среќаваат со проблемот вработување, затоа што современиот работодавец го интересира што конкретно можат тие да работат, а не што завршиле. Во првиот дел на обуката поголем дел посветуваме на фундаменталните, теоретски знаења, а во другиот дел – на вештините.

Сигурен пат до успешна кариера
Денес, во услови на глобална конкуренција, информирачка експлозија, динамичен развој на науката и технологијата, знаењето е она што ги разделува успешните од неуспешните. Покрај техничките знаења на нашиот колеџ ќе се стекнете и со останатите вештини кои се неопходни доколку сакате добро да се вработите или да отворите сопствен бизнис. Покрај тоа, во склоп на нашата комплетна понуда спаѓа и можноста за препорака до одредени компании како и соработката со агенции за вработување.

Интересна, барана и добро платена работа како  IT стручњаци
Неверојатно брзиот развој на информатичката технологија доведе појава на голем број нови занимања, како што е програмери, IT менаџери, мрежни администратори, WEB дизајнери ... а тука се и занимањата за продажба и маркетинг на IT производи  и услуги, Internet маркетинг итн. Пулсар  настана како резултат на вообичаените тенденции на пазарот и нагласената потреба за стручњаци во овој профил. Имено, сите економски показатели во светот говорат дека се најплатени и најбарани работните места кои се горенаведени. Просечната годишна плата на еден IT професионалец според официјални податоци во западните земји изнесува околу 70.000 USD. Се проценува дека дефицитот  на IT стручњаци во ЕУ ќе порасне од 800.000 во 2001 на 1,5 милиони во 2003, со тенденција за натамошен пораст. Малку е познато дека и во нашата земја постојат голем број на IT фирми – околу 1000. Се очекува дека нивниот број значително ќе порасне, со обзир на тоа што Стратегијата  за развој на Македонија предвидува значителни вложувања во равојот на информатичката  индустрија. Меѓутоа, потенцијалот за вработување е далеку поголем- денес поголемиот број на претпријатија во својата работа користат компјутери и имаат потреба од кадар кој ќе управува со комјутерската технологија. Од друга страна, малку се институции како Пулсар кои нудат адекватно образование во областа на IT.

Корисникот на прво место
Во Пулсар се е организирано така што ќе ви биде полесно, поубаво и поинтересно. Наставната програма, начинот и условите за работа во нашиот центар се прилагодени во стилот на животот на младите, мобилните и добро информирани луѓе.
За да постигнете максимални резултати во учењето, ги користиме сите можни современи технологии: далечински learning систем, Online тестирачки систем, редовно спроведуваме анализи на квалитетот, се прилагодуваме на потребите на клиентите, усвојуваме реални предлози и критики, а сето тоа за да го подобриме квалитетот на работата. Ние остануваме во контакт со нашите клиенти и по завршувањето на обуката, со цел да им помогнеме во развојот на кариерата преку соработка  и советување.

Од почетник до професионалец
Школувањето во нашиот центар е наменето како за апсолутните почетници, така и за искусните корисници на комјутери. Ова значи дека не постои дефиниран лимит на знаење кој е потребен за упис, односно не постои ни приемен испит. Потребно е само да се пријавите на време и да направите тест за проверка на знаењето, кој служи за одделување на студентите спрема нивото на покажаните предзнаења. Сертификатот од Пулсар ќе биде најдобар доказ на вашата компетентност при конкурирањето за работа, а според тоа, ќе имате прилика да се стекните со меѓународно признат сертификат и Интернационална Диплома.

Одлични технички услови и опременост
Ние сме прва организација која кај нас ја разви Distance Learning платформата (систем за креирање On-line курсеви и дистрибуција на знаењето преку Интернет), која применува Computer Based Education(комјутерски поддржано учење) и Web Based Training (обука преку Интернет). Целокупниот програм на школување го префрливме во електронска форма, го збогативме и го сместивме на Интернет, со што е овозможено учење на далечина во современа On-line верзија.

Квалитетни предавачи
Предавачите во Пулсар се големи стручњаци, доктори на наука во областа на информатичката технологија, природните науки и менаџмент. Членови се на највисоките светски здруженија со IT професионалци - – IEEE CS (Institute for Electrical and Electronic Engineers Computer Society), организациите кои ги пропишуваат стандардите и управуваат  со развојот на информатичката технологија. Покрај стручноста, се одликуваат со љубезност и ориентирање кон клиентите. Нивниот авторитет не произлегува од хиерархиската позиција, туку од личните особини и способности.

Непрекинато усогласување на школската програмата со IT развојот
Информатичката технологија се карактеризира со особено динамичен развој. Концептот се менува на неколку години, а од ден на ден тој период е се помал. Од институција која се занимава со едукација на IT професионалци се очекува  непрекинато да ја унапредуваме и  усогласуваме програмата на работа со равојот на информатичката технологија и новините во IT. Членството во меѓународните организации нас не обврзува секогаш да ги пратиме новите трендови и непрекинато да се усовршуваме, така што нашите клиенти имаат можност да работат со најсовремените програмски алати кои ги користат IT професионалците ширум равиениот свет и да го учат само она што е актуелно.

 


Пулсар дооел
Канцеларија за контакт: 047/522-190, pulsar(at)x3mlabs.com; info(at)x3mlabs.com
Х3М Лабс д.о.о.е.л.