Најпрактични стручни курсеви со кои ќе добиете практично
знаење и можност добивање на работа во ИТ секторот

Почетна
Мапа на сајтот
Контакт
Програма
ПУЛСАР ви ги нуди следниве стручни курсеви:

 


За подетални информации следете го линкот од курсот за кој сте заинтересирани.

Програмирање: Совладете ги напредните вештини во програмирањето и станете високо барана стручна сила... дури и ако сте моментално без искуство.

Курсеви

Објектно ориентирано програмирање со Java

Креирање на апликации со Java и Бази на податоци (напреден)
Изработка на Web апликации со PHP и MySQL
Проектни решенија со PHP (напреден)

Објектно ориентирано програмирање со Java:

Овај курс го разгледува програмскиот јазик и платформа за развој на апликации - Java.

Основна цел на курсот е да се запознаете со основите на програмирање во програмскиот јазик Јава како и примена на концептите на објектно ориентирано програмирање во Јава.
Преглед на моќните околини за брз развој на апликации (Eclipse и NetBeans).
Јава не би била толку моќна доколку не ги содржи своите колекции за организирање на податоци како и веќе имплементирани алгоритми, моќни концепти за работа со податоци, пристап до бази со податоци како и лесен пристап до ресурси поставени на интернет. Во овој курс исто така ќе се опфатат овие моќни библиотеки во Јава. Курсот е наменет за почетници (корисно би било претходно искуство со програмирање).

Креирање на апликации со Java и Бази на податоци (напреден):

Курсот опфаќа практицирање односно креирање на софистицирани Web Апликации со технологии кои се употребуваат при изработка бизис и online манаџмент системи со библиотеки како: Struts 2, JSF, Spring, Hibernate. Креирање на бази на податоци и управување на податоцните целини преку апликациите на традиционален SQL начин како и со користење на објектно-релационен принцип со библиотеки како Hibernate.

Изработка на Web апликации со PHP и MySQL :

Денес употребата на PHP во изработувањето на Web Апликациите е повеќе од забележлива. Сите познати сајтови за социјално дружење како MySpace, Facebok, hi5 и слично се изработени со PHP. И самото прелистување на Web само по себе зборува за застапеноста на PHP како технологија во изработаката на Web Апликации. Големата употреба на овој серверски јазик само по себе зборува за потребата од девелопери кои го изработуваат и одржуваат огромниот број на PHP Апликациите.

Курсот ги опфаќа основите на PHP заедно со MySQL, па се до напредно креирање на апликации со употреба на бази на податоци. По завршувањето секој поединец ќе има добро основа за понатамошно изградување во PHP&MySQL девелопер. Денешните домашни и странски ИТ фирми се повеќе ја назначуваат потребата од ваков профил на девелопери.

Проектни решенија со PHP (напреден):

Овој курс претставува креирање на напредни апликации со користење на PHP технологија како што се Контент Манаџмент Системи (CMS), Портал системи, Blog Системи и слично. За посетување на курсот е потребно основно познавање на работа со PHP и бази на податоци.



Пулсар дооел
Канцеларија за контакт: 047/522-190, pulsar(at)x3mlabs.com; info(at)x3mlabs.com
Х3М Лабс д.о.о.е.л.