Најпрактични стручни курсеви со кои ќе добиете практично
знаење и можност добивање на работа во ИТ секторот

Почетна
Мапа на сајтот
Контакт
Добро Платена Работа?
Како да се обезбеди барана, интересна и добра платена работа?

Живееме во динамично време во кое како резултат на брзиот развој на Информатичката Технологија произлегоа нови профили на програмери, ИТ Манаџери, администратори на компјутерски мрежи, Web дизајнери и слично, а тука се и економските елементи на Е-Бизнис, OnLine Маркетинг, ИТ производи и услуги. Како резултат на оваа побарувачка на кадри Пулсар ги адаптира своите курсеви секогаш да се поклопуваат со побарувачката на потребните профили.

Сите економски показатели во светот зборуваат дека најбарани и најплатени работни места се баш горенаведените. Просечните плати на ИТ професионалците во западните земји изнесува помеѓу 50.000 до 80.000 USD. Се проценува дека дефицитот на вакви кадри во Европската Унија е достигнат до 1 милион, а се предвидува и понатамошен негов раст.

Малку е познато дека во нашата држава веќе постојат огромен број на фирми, а секојдневно се отвараат нови Информатички Фирми со што побарувачката на стручен кадар е се поголема. Потенцијалот за самовработување е огромен. Многу стручни кадри веќе работат независно од својот дом за своите партнери од западните земји како freelancers. Од друга страна практичното знаење кое го нуди образовниот систем во нашата земја е занемарливо со што земјата е проценета како земја со огромен дефицит на кадри во полето на Информатичката Технологија. Ние во Пулсар секогаш се трудиме да ви обезбедиме практично знаење со кое без никави проблеми ќе бидете вреднувани како специјалисти во своето поле.

 


Пулсар дооел
Канцеларија за контакт: 047/522-190, pulsar(at)x3mlabs.com; info(at)x3mlabs.com
Х3М Лабс д.о.о.е.л.