Најпрактични стручни курсеви со кои ќе добиете практично
знаење и можност добивање на работа во ИТ секторот

Почетна
Мапа на сајтот
Контакт
ЧПП
50% Off
Биди Соработник
Бенефиции
Често поставувани прашања?

Како да се запишам на одреден курс?
Дали можам да плакам на рати?
Што представува можноста за плаќање на 50% од цената?
Што претставува ваучер програмата?
Како да добијам ваучер?
Како можам да ги искористам добиените ваучери
?
Што треба да исполнувам за да се запишам во Пулсар?
Какви се условите во кои се изведува наставата?
Какво признание ќе добијам на крајот од курсот?

 

Како да се запишам на одреден курс?

  • Прво, испратете пријава на основа на која ќе Ве поврземе со нашите советници или контактирајте не преку телефон 047 522190
  • Запишувањето може да го извршите и лично во просториите на нашиот центар, на улица „Томачи Димитровски“ бр.37 (до Грчки Конзулат)
  • По одобрувањето на Вашиот упис, ќе ви испратиме Договор за официјален упис.

Дали можам да плакам на рати?

Можности за плаќање на рати. Доколку избраниот курс е во времетраење повеќе од еден месец нудиме можност на плаќање во месечни рати. Едномесечна настава содржи 24 часа односно 12 предавања од блок часови. Секој курс со поголем фонт на часови од 24 часа може да се плаќа на месечни рати.


Што представува можноста за плаќање на 50% од цената?


Дел од курсот го плаќаме ние, додека не се вработите
Средната цена од сите курсеви во Пулсар изнесува околу 100 евра во било кој уписен рок. Сепак, Вие можете да платите помалку, се додека не се вработите.

Нашиот манаџмент одлучи на нашите клиенти да им олеснеме уште повеќе. Вредноста од  школувањето и искуството кое ќе го сретнете кај нас ќе ја докажиме на најсмел начин – преземајќи го плаќањето на 50% од цената на курсот, додека не се вработите.

Толку сме сигурни во Вашите вештини, знаење и сигурност кои ќе ги стекнете, што со леснотија можеме да го понудиме школувањето, за кое, доколку сега се регистрирате плаќате само 50% од вредноста на курсот.
Останатите средства ќе ги платите дури кога ќе се вработите. На тој начин сакаме Вас да ве наградиме за целиот труд и време кое ќе го посветите на школувањето.

4 услови кои треба да ги исполнувате за да го обезбедите овој посебен бенефит во врска со плаќањето се:

    • Да имате завршено средно образование или факултет
    • Да сте невработени (минимум 1 година - потребна е потврда од Агенцијата за Вработување)
    • Да имате минимум почетно ниво знаење работа со компјутери
    • Да потпишете Договор за плаќање на 50% од курсот после вработувањето (Договорот го добивате од нас).

Што претставува ваучер програмата?


Ваучер пограмата е бонус програма со која соработниците на Пулсар добиваат вредносни ваучери во висина зависна од степенот на остварената соработка. Ваучерот представува материјална вредност со која може да се плаќа во Пулсар и истиот целосно се вреднува како парично средство.


Како да добијам ваучер и како можам да го употребам?

Секој соработник на Пулсар кој ќе не препорача на неограничен број лица, а истите посетат курс во Пулсар добиваат вредносни ваучери во зависност од тоа кој е курсот кое препораченото лице го запишало.
Вредноста на ваучер добиен од едно препорачано лице распределен во зависнот од тоа на кој курс се запишало лицето е претставена во следната табела:


Курс

Ваучер

Објектно ориентирано програмирање со Java

750 МКД

Креирање на апликации со Java и Бази на податоци (напреден)

1400 МКД

Изработка на Web апликации со PHP и MySQL

830 МКД

Проектни решенија со PHP (напреден)

1250 МКД

2D/3D Дизајн и Анимација

1500 МКД

Мултимедијална Режија (Монтажа и Постпродукција)

1500 МКД

Интерактивни графички решенија (игри и мултимедија)

1500 МКД

Напредни техники на моделирање и анимација

1500 МКД

Веб Дизајн

750 МКД

Дизајнирање на звук (дигитална обработка на звук)

1150 МКД

ИТ Стартер (Oперативен Систем, Офис Пакети, Интернет)

670 МКД

ИТ Експерт (Win Сервер, Линукс Сервер, Хостирање на Web)

1000 МКД

Деловен Англиски

920 МКД

Англиски

N/A

Германски

N/A


Како можам да ги искористам добиените ваучери?


Пример 1: По Ваша препорака се запишале 3 лица на следниве курсеви:
1) Изработка на Web апликации со PHP и MySQL, 2) 2D/3D Дизајн и Анимација и 3) Деловен Англиски. Вие имате добиено 3 ваучери со вкупна вредност од 3250 МКД.
Вашата желба е да го посетувате курсот „Изработка на Web апликации со PHP и MySQL“. Вредноста на курсот е 5000 МКД. Бидејки поседувате ваучери со вредност од 3250 МКД цената која треба да ја платите е само 1750 МКД.
Пример 2: По Ваша препорака се запишале 6 лица на следниве курсеви:
2-ца на: Изработка на Web апликации со PHP и MySQL, 2-ца на: 2D/3D Дизајн и Анимација и 2-ца на: Деловен Англиски. Вие имате добиено 6 ваучери со вкупна вредност од 6500 МКД.
Вашата желба е да го посетувате курсот „Веб Дизајн“. Вредноста на курсот е 6000 МКД. Бидејќи поседувате ваучери со вредност од 6500 МКД цената која треба да ја платите е 0 МКД, што значи дека курсот го посетувате бесплатно.
Како да станам соработник на „Пулсар“?
Можноста за да постанете дел од ваучер програмата е бесплатна.
За да постанете соработник на нашиот едукативен центар и да станете дел од ваучер програмата, потребно е:
- Да испратете email со наслов „ваучер програма“ на pulsar(at)x3mlabs.com
- Во содржината да се наведени: Вашето Име, Презиме, Адреса на живеење, Телефон, E-Mail
Нашите советници ќе ве регистрираат и веќе сте во можност да препорачувате луѓе.
*За секоја препорачана личност должни сте да не известете претходно по email, телефон или на лице место во нашиот центар најмалку еден ден пред лицето да запише курс. При доставување на неговите информации потребно е да го наведете неговото име и презиме како и други податоци доколку ви се достапни.
*Доколку лицето го запише курсот и неговите податоци се поклопуваат со вашите испратени податоци за него, а истовремено лицето потврди дека за постоењето на курсот сте го известиле Вие, вас ви е одобрен ваучер со одредената сума.


Ваучер

 

Што треба да исполнувам за да се запишам во Пулсар ?

Школувањето во Пулсар центарот за стручни знаења е наменето како за апсолутните почетници, така и за искусните корисници на комјутери.
Ова значи дека не постои дефиниран лимит на знаење потребен за упис, значи  не постои ни приемен испит. Потребно е само да се пријавите на време и да направите тест за проверка на знаењето, кој служи за одделување на студентите спрема нивото на покажаните предзнаења.
Сертификатот односно признанието од Пулсар ќе биде најдобар доказ на вашата компетентност при конкурирањето за работа, а според тоа, ќе имате прилика да се стекните и со меѓународно признат сертификат од технологиите во кои ќе биде вашиот интерес.


Какви се условите во кои се изведува наставата?


Имаме две едноставни цели:
Првата е да Ви пружиме искуство во школувањето на кое ќе се сеќавате со уживање и насмевка.
Другата цел е да напредувате после школувањето,да добиете одлично платена работа, сигурно работно место, поголем авторитет меѓу колегите, стручност и вештина со која ќе станете личност која ќе биде прашувана за
мислење и одлука.                                  


Мислиме дека тоа се вистинските цели и знаеме како да ги реализираме!
Еве како:
1. Висока специјализација на предметите-нема непотребни предмети....затоа за неколку месеци повеќе се учи отколку за неколку години на другите места
2. Пракса пред теорија
3. Лични вештини – вештина во комуникацијата, убедувањето, пишување CV, професионална комуникација ...         
4. Предавачи - експерти во новите технологии
5. Опкружување - стимулативно, модерно, возбудливо.
6. Физичка поддршка – простор, Интернет.
Просториите се целосно климатизирани со одлични услови за работа. Нови Персонални Компјутери со 22” монитори и 42” проектирачки монитор.

Какво признание ќе добијам на крајот од курсот?

По завршувањето на предавањата на избраниот курс, кандидатот го добива следната потврда:
1. Сертификат за ислушана програма во Пулсар– Сертификатот се доделува доколку кандидатот присуствувал на 80% од предавањата на програмата која ја посетувал.
2. Сертификат за завршена програма – Сертификатот се доделува за одредениот курс доколку кандидатот:
- го положил тестот со 75% успешност.
- ги подмирил сите трошоци за курсот.
Меѓународни сертификати
Пулсар е во преговори за добивање на меѓународни сертификати од познати светски авторитети во Информатичката Технологија.

Полагањето на меѓународните сертификати зависи од термините за полагање на овластените центри.



 

Х3М Лабс д.о.о. и Мотион Универсе д.о.о Оддел Пулсар Стручни Спремања, Томаки Димитровски 37 (До Грчки Конзулат) Битола, Македонија
Канцеларија за контакт: 047/522-190, pulsar(at)x3mlabs.com; Техничка Подршка: 078/432155, 078/432133 info(at)x3mlabs.com