Најпрактични стручни курсеви со кои ќе добиете практично
знаење и можност добивање на работа во ИТ секторот

Почетна
Мапа на сајтот
Контакт
Услови
50% Off
Биди Соработник
Бенефиции
Дефицит на кадар

ДЕФИЦИТ НА ИТ СТРУЧЊАЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во нашата земја потребата за кадри во областа на Информатичката Технологија е особено голема. Долгогодишниот период на застоен развој на нашата земја и нанесе тешки последици.
Во светот во последните 10 години дојде до премин во информационото друштво, со брз и голем развој на информатичката наука и технологија, која постана незаменлив дел на интензивниот развој на секое друштво. Во нашата земја за време на истиот период, развојот на ИТ беше многу бавен, како и во областа за користење на компјутери, развојот на информатичкиот систем, така и во областа на едуцирање на кадри за професијата на иднината.

Судејќи по искуството на земјите во транзиции, ИТ секторот во Македонија се наоѓа во почетна фаза. На тоа тврдење доаѓа податокот дека најголемиот дел од инвестициите во ИТ се вложува во набавки на хардвер, односно воспоставување инфраструктура, која овозможува преминување во следна фаза во која доминираат софтверските решенија.
Денес, кога и ние настојуваме да го фатиме чекорот со развиените друштва во областа на ИТ, доаѓа до клучниот проблем за пронаоѓање на високо стручни кадри, кои се неопходни за тој развој. Тенденцијата на високо светските мултинационални компании кои доаѓаат и отвораат свои канцеларии во нашата земја, ја прати и потрагата за квалитетни и образовни стручњаци во ИТ областа. Исто така, нашиот кадар кој не е доволно едуциран во ИТ областа има потреба за воведување на иста технологија во своето работење. Потсетуваме дека од нашата земја во последните 10-тина години заминаа значаен број на образовни кадри.

Врз основа на наведените причини се наметнува заклучокот дека кадарот во Р.Македонија во областа на информатичката технологија е потребен. Ќе го поткрепиме овој заклучок со податоците од Републичкиот завод за статистика.
Структура на претпријатијата во ИТ областа судејќи од податоците во Р.Завод за статистика:
-давање совети во врска со комјутерите (35 претпријатија)
-давање совети,изработка на комјутерски програми(278 претпријатија)
-обработка на податоците (89)
-изработка на база на податоци (51 п)
- одржување, поправка на канцалариски и сл.машини (207 п)
-останати активности во врска со комјутерите (95 п)

Со анализа на горенаведените податоци можеме да заклучиме дека вкупно 755 претпријатија, од нив 407 се занимаваат со консалтинг и изработка на софтверски решенија.
Разгледувајќи ги трендовите, од почетокот на 2004 до април 2005, ги снема вкупно 130 претпријатија во оваа област, а ниедно не е затворено.

На крај, можеме да заклучиме дека потребата на образовни ИТ кадри се зголемува и од аспект на концептот на Владата на РМ, дека Македонија треба да претставува информатичко општество, кое треба да се изградува на одговарачките ИТ ресурси.

 


Х3М Лабс д.о.о. и Мотион Универсе д.о.о. Оддел Пулсар Стручни Спремања, Томаки Димитровски 37 (До Грчки Конзулат) Битола, Македонија
Канцеларија за контакт:047/522-190, pulsar(at)x3mlabs.com; Техничка Подршка: 078/432155, 078/432133 info(at)x3mlabs.com